„Самоглас“: Првата платформа за аудио книги на македонски јазик!

Аудио книгите со години бележат раст во популарност ширум светот, а многу љубители на книги уживаат во задоволството кое тие го нудат како медиум. И во Македонија има луѓе кои уживаат во аудио книгите, но сѐ досега тие најчесто мораа да се задоволат со аудио книги на англиски јазик. Но, сето ова почнува да се менува, благодарение на „Самоглас“, првата платформа за аудио книги на македонски јазик!

83323532_113340093542240_5851072958528749568_o
(Извор на сликата: Официјалниот ФБ профил на „Самоглас“)

Како што може да се види на нивната официјална страна на Фејсбук, „Самоглас е онлајн платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик. Самоглас е старт-ап иницијатива на организацијата Флуктус.“

Регистрацијата на веб-страната е многу лесна и бесплатна. Сѐ што треба да направите е да создадете профил (кој се прави за помалку од 30 секунди) и пред вас ќе се отвори еден цел нов свет, односно аудио-книги достапни на македонски јазик.

Платформата е нова и засега имате можност да ги слушнете книгите „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел, „Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир, „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери, „Дневникот на Ана Франк“ и „Дур дишам се надевам/Dum Spiro Spero“ од македонскиот автор Владимир Мартиновски, но сосема е извесно дека библиотеката ќе се зголемува со текот на времето!

Ова е една одлична и прекрасна иницијатива која сите треба да ја поддржиме и да застанеме зад неа! Дури и ако не сте голем љубител на аудио книгите, можеби оваа платформа и иницијатива сепак ќе ве поттикне да им дадете шанса.

За да се регистрирате, посетете ја веб-страната: http://www.samoglas.mk
За да ги следите новостите и за да дознаете повеќе, следете ја официјалната страна на Фејсбук
А за повеќе информации, исто така ви ја препорачувам и статијата на Радио МОФ, која е посветена токму на „Самоглас“.

Браво момци и девојки, секоја чест! Кафе и книги ви посакува многу успеси и да дочекаме уште многу нови содржини!

2 comments

Leave a comment