За љубителите на книги и интересни настани поврзани со книжевноста, денес се одржува интересен настан, кој верувам дека ќе ви биде интересен.
Со почеток од 20.30 часот во кафе-книжарницата „Буква“, ќе се одржи промоција на книгата „Тешко ќе најдеш добар човек“ од Фланери О’ Конор. Книгата ќе ја промовираат писателката и преведувачката Румена Бужаровска и Никола Гелевски, главниот уредник на Темплум, во чие издание е книгата.
Ова е првата книга од Фланери О’Конор издадена на македонски јазик, и се работи за збирка раскази на една од најзначајните американски писателки и есеистки.
Како што е наведено на официјалниот настан на Фејсбук, писателката Румена Бужаровска, која е и преведувачка на книгата, вели:
„Секоја реченица кај О’Конор е експлозивна и повеќезначна. Нејзиниот јазик живописно го отсликува говорот на американскиот Југ – оттаму и предизвиците при преводот. Тоа е така бидејќи и покрај тоа што нејзините приказни се универзални, нивниот идиом е локален, типичен за Југот на Америка.“
Па така, ако имате време и желба, ова е одличен настан за вас!


Reblogged this on Македонски книги.
LikeLike