Пред речиси еден месец пишував за изданијата кои излегуваат во март. Секој месец има нови изданија кои вредат или се интересни за читање. Книги на кои вреди да им се даде шанса.
Прочитајте повеќе за новите книги кои излегуваат во април, па можеби некоја од нив ќе ви фати око и ќе ја ставите на вашата листа за читање.
1. „Јас одбивам“ – Пер Петерсон
Датум на издавање: 7 април
Оваа прилично популарна книга ни доаѓа од Норвешка, а на 7 април ќе ја доживее својата светска премиера на англиски јазик. Книгата следи двајца луѓе кои пред 35 години биле другари, случајно се сретнуваат и евоцираат спомени од своето детство.
2. „Помеѓу тебе и мене“ – Мери Норис
Датум на издавање: 7 април
Мери Норис која работи во „Њујоркер“ уште од 1978 година, решила дека е време да го стави нејзиното знаење во книга. Додека проаѓа и ги објаснува најчестите граматички проблеми, Норис комбинира практични совети со одличен хумор.
3. „Многу добри животи“ – Џ. К. Роулинг
Датум на издавање: 14 април
Иако не се работи за нова книга, читателите може да добијат некои многу здрави совети од оваа книга. Заради побарувачката од јавноста и обожавателите, говорот на Роулинг на Хардвард во 2008 година, на 14 април ќе излезе во форма на книга. Продажбата на книгата ќе оди за секторот за финансиска помош на Харвад, како и за добротворната организација на Роулинг – „Лумос“.
4. „Целиот бес“ – Кортни Самерс
Датум на издавање: 14 април
Кога Роми Греј ја кажува вистината за Келан Тарнер, плаќа многу висока цена за тоа. Ги губи нејзините пријатели, фамилија и нејзиното место во заедницата. Кога една девојка која се познавала со Роми и Келан исчезнува по една забава, а вестите за Келан дека нападнал друга девојка излегуваат на виделина, Роми мора да одлучи дали да зборува и да го крене својот глас иако никој претходно не ѝ верувал.
5. „Мртвите земји“ – Бенџамин Перси
Датум на издавање: 14 април
Оваа пост-апокалиптична приказна и реконструкција на експедицијата на Луис и Кларк зборува за супер грип кој го уништил речиси целиот свет. Остануваат многу малку преживеани, кои живеат на места како Прибежиштето. Кога доаѓа јавач од депонијата и тврди дека цивилизацијата се движи кон Запад. Тогаш, Луис Мериветер и Мина Кларк се обидуваат да ја обединат нацијата.
6. „Јади. Храни се. Блескај.“ – Амелија Фрир
Датум на издавање: 14 април
Благодарејќи на Инстаграм профилот на пејачот Сем Смит, кој на својот профил објави дека преку здрав режим на исхрана, составен од советите на нутриционистката Амелија Флир, изгубил многу килограми и тоа многу брзо, нејзината книга сега доживува промоција и и има луда побарувачка. Содржи одлични совети за детоксикација и рецепти за здрава исхрана. Книгата е наменета за секој да најде нешто што ќе му одговара и што ќе може да го вметне во својот начин на исхрана.
7. „Бог нека му помогне на детето“ – Тони Морисон
Датум на издавање: 21 април
Првата книга на Морисон по 2012 година, истражува како траумите од детството можат да го обликуваат возрасниот човек. Справувајќи се со тајни и лаги, оваа книга ја следи жената Брајд и нејзините врски со Букер, мажот што го сака. Детето што зборува со Брајд за злоупотребата што ѝ се случила и Свитнес и нејзината сопствена мајка која мора да сфати дека тоа што им го правиш на децата сепак значи нешто.
8. „Мисула“ – Јон Кракауер
Дата на издавање: 21 април
Авторот на „Во дивината“ истражува серија од силувања на кампуси и универзитетски домови. Кракауер одлучува да ја напише оваа книга откако сфаќа дека тој не бил воопшто информиран за силување од познат човек кое го преживеала жена која е блиска со него и неговата жена.
9. „Процес на работа“ – Конор Франта
Датум на издавање: 21 април
Мемоарите на ѕвездата на ЈуТуб откриваат како е да се живее во средниот запад на САД и како неговата борба со идентитетот, сликата за неговото тело и сексуалноста го оформиле како личност. Неговата основна порака е дека младите не треба да се плашат од тоа што се и треба да се борат за тоа што го сакаат.
10. „Рано предупредување“ – Џејн Смајли
Датум на издавање: 28 април
Оваа книга го истражува периодот на трансформација кој се случува кога патријархот на фамилијата Лангдон изненадно умира во 1953 година. Еден мора да остане со мајка им, која останува сама и нема кој да ѝ помогне да се грижи за фармата во Ајова, додека другите се разбегуваат на различни страни. Книгата ги следи живототите на децата и нивното растење и живот во повоена Америка и во периодот во 1980-тите.
11. „Во свет кој е токму како што треба“ – Џен Брукс
Датум на издавање: 28 април
По трагичната несреќа, осамениот Џонатан Обри има моќ да создава различни светови по своја желба. Откако испробал светови како херој и учејќи нови движења во дискотека, тој создава еден свет каде Кајли Слимс е негова девојка. Во овој нов свет, тој има пријатели, одлични оценки и девојката од неговите соништа. Кога неговите два света се спојуваат и тој се обидува да ја бакне реалната Кајли Слимс, тој мора да открие што каде припаѓа или да ризикува да изгуби се.
~~~~
Ова се новите наслови за април. Ви фаќа нешто око?


[…] постовите за книгите кои излегоа во март и април, денес на блогот можете да се информирате за […]
LikeLike