Бенедикт Камбербач и Би-Би-Си преку радио го оживуваат споменот на Франц Кафка!

Познатата телевизиска и радио мрежа Би-Би-Си ги здружи силите со еден од најбараните актери во последно време и решија да оддадат почит на една од најмаркатните и најинтересните писатели во историја на книжевноста. Франц Кафка, најпознат по своите „Процес“ и „Преобразба“, овој пат ќе биде оживеан и испочитуван преку магијата на радиото.

Кумбербач неодамна ја читаше легендардната „Преобразба“, а снимката можете да ја слушнете тука и истата бесплатно ќе биде достапна во наредните 28 дена.

Оваа соработка е дел од проектот „Во сенката на Кафка“, кој е всушност „серија од документарни емисии и драми посветени на истражување на ликот и делото на една од најтаинствените и најинтригантните личности во книжевноста на 20 век“.

Вредна за спомнување е и радио-драмата заснована врз „Замокот“, уште едно дело на Кафка, кое за потребите на радио-драмата е прилагодено од страна на Ед Харис и во кое улогите ги толкуваат: Доминик Рован, Семи Т. Добсон, Марк Бентон и други актери. Ова дело на Кафка е сместено во бирократска земја на чудата и еден човек, кој е познат само како К., се јавува на повикот да работи во еден мистериозен замок и таму се вплеткува во чуден лавиринт од терор и апсурд.

Првиот дел од радио-драмата трае еден час и е достапен на следниот линк. Истиот ќе биде достапен и бесплатен во наредните 27 дена. Вториот дел од драмата ќе биде достапен веднаш по нејзината премиера на радио.

2 comments

Leave a comment