Предлог – листа за читање: Книги кои добиле Пулицерова награда (10)

Како и секоја недела, така и оваа недела продолжувам со предлог – листата за читање од редот на книги кои добиле Пулицерова награда. Претходните изданија можете да ги прочитате тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука.

Еве ги следните пет предлози:

1. „Величествените Амберсонови“ – Бут Таркингтон 

~ „Озборувањето никогаш не е фатално, сè додека не е негирано. Озборувањето постојано кружи околу секое живо човечко суштество и за сите мртви кои сè уште не се заборавени и речиси ниту едно озборување не прави штета, сè додека некој што се брани од него не создаде контроверзија околу тоа.“ ~

Добитникот на Пулицерова награда во 1919 година, „Величествените Амберсонови“ ги следи среќите и несреќите на три генерации на една американска династија. Главниот лик во оваа книга е Џорџ Амберсон Минафер, разгалениот внук на основачот на богатството и величината на семејството. Кога ќе се спомене „Величествените Амберсонови“, поновите генерации се сеќаваат на филмот на Орсон Велс од 1942 година кој е всушност екранизација на книгата, а често можете да наидете на мислења од типот дека е време да се врати оваа книга назад на читателите.

2. „Момчето кое се смее“ – Оливер Ла Фарџ 

Доловувајќи ја магијата на југоистокот на Америка во 1915 година, оваа книга што ја доби Пулицеровата награда во 1930 година е вистински американски класик. На еден ритиуален танц, младиот и искрен Момче кое се смее се заљубува во Слаба девојка, прекрасна, но заводлива девојка, образована по американскиот систем од племето Навахо. Додека ги искусуваат сите задоволства и непредвидливости на првата љубов, младиот пар мора да најде начин како да го промени својот начин на живот и трагичните последици кои ги носи со себе.

3. „Западниот правец“ – А. Б. Гутрие Џуниор

Исклучително забавна книга, добитник на Пулицеровата награда во 1950 година, книга што го оживува авантуристичкиот дух на Западот. Оваа книга е продолжение на книгата „Големото небо“ и зборува за враќањето на еден човек во нескротливиот Запад во 1846 година. Дик Самерс, кондуктер на еден од вагоните во еден воз води една група на луѓе при нивниот тежок пат од Мисури до Орегон. Оваа книга е целосно посветена на величината на западната дивина, прекрасната природа и исклучителните луѓе.

4. „Собраните приказни на Жан Стафорд“ – Жан Стафорд

~ „Таа посакуваше тие двајца заедно да појдат во некој очаен бар со лоша репутација, каде би се тешеле на стандардниот начин проследено со виски, да ги споредуваат своите болести, да ги венчаат своите хендикепирани души во тие неколку часови полни со болна комуникација и да зборат дека тие, барем на некое време, повеќе не се сами.“ ~

Овие собрани приказни што ја добија Пулицеровата награда во 1970 година, претставуваат збирка на кратки фиктивни приказни на една од најдобрите американски стилисти во тоа време. Таа во овие раскази допира теми како осаменоста и потрагата по емоционален допир и приврзаност со друго човечко суштество, потрагата по слобода и желбата човек да припаѓа некаде.

5. „1000 акри“ – Џејн Смајли

~ „Имав чувство дека тој знаеше работи што јас цел живот чекав да ги научам.“ ~

Кога Лери Кук, патријархот на едно богата фарма во Ајова, донесува одлука за се пензионира, им ја нуди својата земја на своите три ќерки. За Џини и Роуз, кои живеат на фармата со своите сопрузи, овој подарок има смисла, тие го гледаат како награда за годините што ги поминале и во кои работеле вредно за оваа фарма. Го гледаат и како предизвик да ја направат фармата уште поуспешна. Најмладата ќерка Каролин, која работи како адвокатка, рамнодушно ја одбива понудата. Оваа одлука го разбеснува нејзиниот татко и тој решава целосно да ја отстрани од одлуката за таа да не добие ништо и со тоа предизвикува настани што длабоко ќе влијаат на секој член на семејството. Оваа книга зборува за тоа што значи да си татко, ќерка, семејство.

2 comments

  1. […] Како и претходните недели, продолжувам со предлог листа од 5 книги кои добиле Пулицерова награда. Претходните изданија погледнете ги тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука и тука. […]

    Like

Leave a reply to Предлог – листа за читање: Книги кои добиле Пулицерова награда (11-ти дел) | Кафе и книги Cancel reply