Инфографик: Колку време е потребно за да прочитате некои од најпопуларните класици?

Денешниот пост е инспириран од еден многу интересен инфографик кој го пронајдов на интернет. Имено, некои дечки/девојки го пресметале просечното време кое е потребно за се прочитаат некои од светските класици. Како што можете и да видите во инфографикот подолу, во пресметката се земале вкупниот број на зборови во книгата и просечната брзина на читање кај обичниот човк и така добиле одреден број на часови потребни за да се прочитаат книгите кои ќе ги видите подолу.

На пример, „Алхемичарот“ од Пауло Коељо има 39.242 зборови и во просек потребни се околу 2 часа за да се прочита. Од друга страна, „Франкенштајн“ од Мери Шели во просек може да се прочита за нешто повеќе од 4 часа и има 75.380 зборови. Се разбира, ова е само еден просек и генерализација, секогаш ќе има луѓе кои побрзо ќе ги прочитаат книгите и секогаш ќе има луѓе на кои ќе им треба подолго време од зададеното во инфографикот, а треба да се има предвид и дека просечниот читател прави и паузи, а секогаш има и работи кои му го одвлекуваат вниманието при читање и други причини кои можат да го продолжат времето на читање.

Погледнете и сами кои книги се вклучени и колку време е потребно за да се прочитаат.

One comment

Leave a reply to Инфографик: 24 книги кои можат да се прочитаат за помалку од еден час! | Кафе и книги Cancel reply