Рубриката продолжува и оваа недела. Одлично време за нови книги и нови избори. Погледнете кои 5 книги добитнички на Пулицеровата награда влегоа во овонеделниот избор. Претходните изданија погледнете ги: тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука.
1. „Еден од нашите“ – Вила Катер

~ „Животот беше толку краток што не значеше ништо, освен ако не бeше постојано засилуван со нешто коешто трае; освен кога сенките на човековото постоење доаѓаа и си одеа спроти позадината која ги држеше заедно.“
„Еден од нашите“ е добитник Пулицеровата награда во 1923 година за создавањето на американскиот војник. Клод Вилер, чувствителниот, но амбициозниот протагонист добива пристап до богатството на неговата фамилија, но одбива да живее на тој начин.
Отуѓен од својот незаинтересиран татко и побожна мајка, одбиен од жена чија единствена љубов е мисионерската работа, Клод е идеалист без идеали за кои би се борел. Кога Америка влегува во Големата војна, тогаш тој ја наоѓа смислата на неговиот живот.
2. „Години на милоста“ – Маргарет Ајес Барнс

~ „Проблемот со образованието е тоа што ние секогаш читаме за работите кога сме премногу млади за да знаеме што значи. А проблемот со животот е тоа што секогаш сме премногу зафатени за подоцна да ги прочитаме повторно.
Има многу повеќе смисла во книгите, многу повеќе отколку што веруваш. Иако, секако, тие не те учат за ништо витално што не можеш сама да го научиш.“ ~
Добитничката на Пулицеровата награда во 1931 година е книга за жената страствено ја води борбата на генерациите и се обидува да го намали јазот на генерациите, бидејќи ги разбира и годините на милоста и годините на џезот. Нејзината приказна ја открива убавината, драмата и страста која може да лежи скриена под тивката надворешност.
3. „Чувар на честа“ – Џејмс Гоулд Козенс

Книгата која ја доби Пулицеровата награда во 1949 година, според критиките е најдобрата воена книга на 20-тиот век. Книгата балансира со палета од интригантни ликови и начинот на кои тие реагираат за време на три многу тензични денови во септември 1943 година, за време на расен инцидент во една воена база во Флорида. Во оваа книга има материјал за 200 филмови. Одличен поглед во човековата душа.
4. „Крадците“ – Вилијам Фокнер

~ „Беше премногу доцна. Можеби вчера, додека се’ уште бев дете, но не сега. Знаев премногу, видов премногу, не бев повеќе дете; невиноста и детството беа засекогаш изгубени, засекогаш отргнати од мене.“~
Вилијам Фокнер е познат по неговите брилијантни дела и книги, а оваа книга е дел од неговиот обемен книжевен опус и воедно добитник на Пулицеровата наградата во 1963 година. Приказната следи тројца необични крадци на автомобили кои доаѓаат од руралниот крај од Мисисипи.
Бун Хоганбек го убедува 11годишниот Луциус Прист да го украде автомобилот на својот дедо и да отиде во Мемфис. Нед МкКаслин им се придржува на нивната патувачка одисеја за која не се подготвени и завршуваат во бордел. Во оваа книга има се, авантури, шерифи, затвори…. прекрасна книга која нема да ве остави рамнодушни.
5. „Зајакот во мирување“ – Џон Апдајк

~ „Сите ние сме како нашата плава панета, лебдиме во црн простор и не не’ држи ништо освен нашите заеднички охрабрувања и нашите прекрасни лаги.“ ~
Добитникот на Пулицеровата награда во 1991 година, е четвртата и последна книга за поранешниот кошаркар Хери “Ребит“ Ангстром, херојот кој има проблеми со срцето, стан во Флорида и второ внуче. Неговиот син и снаа се однесуваат хистерично, неговата жена сака да работи, а Рабит ја бара својата душа и бара причина и смисла на својот живот.

[…] Пулицерова награда и секоја од нив од различна декада. На овој линк можете да ги разгледате минатонеделните предлози, а […]
LikeLike