Видео: Кои книги најчесто биле забранувани и зошто?

Темата за забранувањето книги секогаш ми била многу интересна. Пред некое време, на блогот поставив и еден интересен инфографик за историјата на забранувани книги. Слободата за читање книги, макар и провокативни, за мене е една од најважните слободи и забранувањето на книги прави многу поголема штета отколку што можеме да замислиме. Книгите мотивираат, инспирираат, отвораат видици и погледи.

blog-banned19

Затоа и не треба да бидеме изненадени што нацистите гореле и забранувале книги, исто како и останатите диктаторски системи како СССР, каде Сталин бил познат по забранување секакви книги кои и малку би можеле да имаат некакво влијание врз луѓето и секоја книга морала да помине низ рацете на неговите соработници пред да биде издадена, а доколку истата не одговарала на политиките и на „вкусот“ на Сталин, авторот на книгата бил среќен ако заврши само со затворска казна или логор во Сибир (што им се случило на многу уметници од тоа време).

Но, дури и западните демократски држави како Америка и Велика Британија не се имуни на цензурата на книгите. Многу често, книгите не се забранувани заради политичката содржина и идеологија, туку заради несоодветна содржина и несоодветен јазик за во јавност. Би се изненадиле колку книги биле забранувани во западните држави и тоа од многу апсурдни причини.

Во таа чест, во САД секоја година се одржува т.н Banned Books Week (Недела на забрануваните книги) во која се слави слободата на читање и им се оддава почит на забрануваните книги со цел да се продолжи борбата ниту една книга да не биде ззабранета и одземена од рацете на луѓето. Годинава, Banned Books Weеk ќе се одржува од 27 септември до 3 октомври 2015 година.

Денес на блогот можете да погледнете едно интересно видео во кое се претставуваат забранувани книги низ светот и причините зошто биле забранети. Некои од нив веќе ги имаше во инфографикот кој го постирав, но интересни се видеата и начинот на кој се направени. Темата за забранети книги често ќе биде на тапет на блогот, затоа што е секогаш интересна и актуелна.

Погледнете го видеото:

One comment

Leave a reply to Инфографик: Како, што и колку читаат луѓето низ светот? | Кафе и книги Cancel reply