Креативни начини за уредување на вашите полици!

Љубителите на книги знаат дека организирањето и уредувањето на полиците не е лесна задача. Речиси секогаш недостига место или пак полиците изгледаат пренатрупано и преобично. Пред неколку месеци ви предложив креативни начини како да ги организирате книгите на вашите полици, а овојпат ќе ви бидат претставени неколку начини за поуникатен изглед на вашите полици.

Доколку сакате да имате уникатна домашна библиотека, погледнете ги следните предлози:

1. Невидливите полици

585438e5aca0591b008b4ac8-750-562

Ова е одличен и уникатен начин како да ги распоредите вашите книги на полиците, а да изгледа како да не постојат полици. Овие специјални полици можете да ги најдете на различни страни за пристапни цени. Еве еден пример.

2. Библиотека под скалите

12

Сите сме навикнати на тоа домашните библиотеки да ни бидат закачени на полиците на ѕидот, но и скалите можат да бидат интересно и уникатно место за изложување на вашата домашна библиотека.

3. Библиотека во која книгите стојат наопачки

f4n1nq2flqal6cn.large_

Стандардните полици се веќе навистина досадни. Зошто да не испробате и други алтернативи? Доколку овој предлог ви фаќа око, овде може да ја видите постапката на изработка и сами да изработите вакви полици.

4. Полици од цевки

metal-pipe-bookshelves

Уште еден интересен начин како да направите модерна и уникатна домашна библиотека. За повеќе идеи слични на оваа, погледнете овде.

5. Полица која служи и како обележувач за книги

wall-mounted-bookmark-0

Со ова добивате две во едно. Полица која е различна од обичните полици, интересен изглед, а воедно добивате и обележувач. Само треба да ја земете книгата и да продолжите онаму каде што сте застанале.

6. Кутија за гитара

ea50b89f171d6a945573dfc67b4ffbcb

Наместо стандардниот изглед на полиците, зошто да не се одлучите на ваков чекор? Посебно ако сте љубител на музиката и гитарите, оваа комбинација ќе ви ја освежи собата.

7. Полица направена од дрвена скала

201611-hms-ep503-ladder-shelf-949x534

Речиси секој има стара дрвена скала која лесно може да стане полица!

8. Полици од пелети

beautiful-bookshelf-made-from-wooden-pallets

Во последно време, сѐ популарен е мебелот направен од пелети. Од маси до столчиња, а зошто да не и полици за книги?

2 comments

    • Фала ти!
      Инаку ако правиш полици од палети, ѕирни на Pinterest, има феноменални полици од палети, можеш да добиеш инспирација! 🙂
      Поздрав!

      Like

Leave a comment