Ќе се снима филм заснован на животот на Џејн Остин!

Делата на Џејн Остин отсекогаш биле непресушна инспирација за големото платно и телевизиските екрани. Кој ќе ја заборави изворедната изведба на Колин Фирт како господин Дарси во мини-серијата „Гордост и предрасуди“ од 1995 година? Од друга страна, Кира Најтли беше одлична Елизабет Бенет во играниот филм „Гордост и предрасуди“ од 2005 година и за тоа дури доби и номинација за Оскар. Покрај тоа, и останатите дела на Џејн Остин беа на еден или друг начин екранизирани и речиси сите имаа инстантен успех.

Овојпат, животот на Џејн Остин ќе биде ставен на големото платно во филмот „Џејн покрај морето“, чија приказна ќе биде заснована врз истоимената книга на Каролин В. Мареј.

Филмот ќе биде романтична комедија и ќе ги истражува сите важни врски во животот на Џејн Остин и како истите влијаеле на нејзиното пишување и како придонеле таа да биде генијалната писателка на која сите ѝ се воодушевуваат.  Според досегашните информации, филмот ќе биде комбинација помеѓу животот на Џејн Остин и нејзините дела. Сценариото ќе биде напишано од авторката на книгата, која излезе во јули. Сѐ уште нема информации за тоа кој ќе биде режисер, ниту пак кој ќе ги толкува главните улоги.

Животот на Џејн Остин и претходно беше ставен на големото платно. Во 2007 година, Ен Хетевеј ја имаше улогата на Џејн Остин во филмот „Станувајќи Џејн“. Филмот имаше многу поделени критики. Некои го сметаа за одличен портрет на животот на Остин, некои го сметаа за недоволно убедлив.

Покрај биографскиот филм, се подготвува и друг филм кој ќе биде заснован на краткиот расказ на Џејн Остин, „Љубов и пријателство“, каде главната улога ќе ја има Кејт Бекинсејл.

 

2 comments

    • Се согласувам. 🙂 Ќе видиме. Јас ја немам прочитано книгата според која ќе се снима филмот, така што ќе почекам па да видам. Иако Becoming Jane ми се свиѓаше. 🙂

      Like

Leave a comment