Интересни и необични факти за Едгар Алан По!

На денешен ден, во 1809 година,  се родил еден од најголемите американски поети и писатели, Едгар Алан По. Пионерот во областа на кратите приказни, научна фантастика, хорор и детективски приказни, има навистина богато творештво кое ја краси американската и светската литература. „Гарванот“ е ремек-дело какво-што ретко може да се прочита. Тука се и неговите поеми, раскази и дела како: „Анабел Ли“, „Лижеја“, „Елеонора“, „Пропаста на куќата на Ушерови“, „Човекот од толпата“, „Предавничко срце“ и многу, многу други.

6c39f415495618ccc5be4fc041b71b3f_original

Во чест на денот на неговото раѓањe, ви претставувам неколку интересни и необични факти за кралот на меланхолијата!

~ Неговото ремек дело „Гарванот“ речиси преку ноќ го направило многу познат писател во САД. Постојат приказни за тоа како децата оделе позади него и плескале со рацете и истовремено имитирале звук на гавран. Тој се приклучувал на овие игри и ненадејно се вртел и извикувал „Nevermore“.

~ Тој продолжил да пишува и откако умрел. Барем така тврдела Лизи Дотен, која се нарекувала себеси „посредник на мртвите.“ Таа издала книга во 1863 година, „Поеми од внатрешиот живот“ која вклучувала поеми за кои таа тврдела дека ги добила од духот на Едгар Алан По.

~ Едгар Алан По обожавал мачки. Се зборува дека многу често пишувал со мачка која седела на неговото рамо.

~ Сите портрети го прикажуваат како чуден, морничав, бушав тип, но тоа е далеку од тоа како тој изгледал. Едгар Алан По всушност бил згоден човек, атлетски граден и бил наклонет кон спортови, дури и држел рекорд во пливање.

~ Во 1884 година тој ја објавил приказната „Балон“ во весникот „Сан“. Во неа, тој опишал дека балон кој бил полесен од воздух, го преминал Атланскиот океан за три дена. Толку уверливо ја напишал приказната, што весникот морал да ја повлече приказната по 2 дена. Без оглед на тоа колку била неточна веста, весникот заработил многу пари, а воопшто не му платиле на Едгар Алан По за приказната и оттогаш По не можел да го смисли тој весник.

~ Иако починал релативно млад (на 40 години), тој живеел на многу различни места и постојано се селел. Во текот на неговиот живот живеел во Ричмонд, Балтимор, Бостон, Шкотска и Англија.

~ Тој се оженил со неговата прва братучетка Вирџинија Клем, којашто имала 13 години, а тој имал 26 години. Таа починала на 24 години од туберколоза, а ова многу го погодило По и се претпоставува дека тоа многу влијаело на неговите дела во кои многу често мотиви се жени на смртна постела.

6593fbaef706739d1ef7ef98de3f203b

~ Тој првично сакал да употреби папагал наместо гавран за неговата легендарна поема, но сметал дека папагалот не го дава вистинскиот тон.

~ Тој целосно го има променето книжевниот и издавачкиот свет во САД. Пред Едгар Алан По, пишувањето било благородна професија, но никој не успевал да живее само од пишување. Едгар бил решен дека пишувањето ќе биде негова професија и дека ќе живее од тоа.

Постојано се трудел да најде публика која ќе ги чита неговите забавни статии, а тоа претставува иницијална искра за создавање на индустријата за списанија. Во последната недела од неговиот живот добил 1500 долари за да започне сопствено списание.

Сепак, во текот на неговиот живот, неговите дела биле крадени и препишувани на меѓународно ниво, бидејќи тогаш не постоела заштита на интелектуална сопственост на меѓународно ниво. На многу начини, тој го отворил патот за писателите да можат да заработуваат од тоа што го пишуваат.

~ Тој многу се интересирал за криптографија и се обидувал да го популаризира  ова поле. Ова е многу очигледно во неговото дело „Златната бубачка“ каде што ги вметнал шифрите како основен и главен дел од приказната.

~ Кратката приказна „Убиствата на улицата Морг“, напишана во 1841 година, се смета за првата модерна детективска приказна. Господин Дупин, измислениот детектив од приказната, бил основа за создавање на детективите како Шерлок Холмс.

~ Во периодот меѓу 1837 и 1844 година, По живеел во неколку куќи во Филаделфија, а една од нив е заштитена како национален историски локалитет и е отворена за јавноста (можете да ја видите на сликата подолу). Во оваа куќа тој  ги напишал некои од своите најпознати дела како „Црната мачка“. Куќата има морничав таван кој многу потсеќа на таванот кој е опишан во приказната.

edgar_allan_poe_national_historical_site_rkenendy-2200vp

~ Со оглед на тоа дека бил критичар, во една прилика, По напишал негативна критика на едно од делата на неговиот ривал Руфус Вилмот Гризволд, кој за возврат започнал валкана кампања за да наштети на репутацијата на По, а тоа го правел со тоа што ја преувеличувал неговата зависност од алкохол и психички проблеми и дури објавил лажна биографија на Едгар Алан По.

~ Поемата „Гарванот“ првично ја продал на списанието „Д Американ Ревју“ во 1845 година и за неа добил 9 долари.

~ Чарлс Дикенс и Едгар Алан По постојано се допишувале, а еднаш дури и се сретнале лице во лице. Тоа се случило во Филаделфија, кога По имал 34 години, а Дикенс имал 31.

~ Покрај литературата, едно од омилените хобија на По бил универзумот и космологијата. Неговиот есеј од 1848 година кој се вика „Еурека: поема во проза“ содржел размисли кои ја опишувале теоријата за Big Bang. Во тоа време, тој го сметал овој есеј за свое ремек-дело.

~ Смртта на По и до ден денес останува мистерија исто како и самиот тој. На 3 октомври 1849 година, По бил пронајден на улиците на Балтимор во многу лоша состојба. Веднаш бил пренесен во болница, но починал по 4 дена. Сите медицински записи, како и неговата посмртница биле изгубени и тоа само додало дополнителен жар на мистеријата, особено околу причините за неговата смрт. Сѐ уште не се знае од што починал, но теориите се движат од инфаркт, епилепсија, и колера до самоубиство или убиство.


82c4115c840474ba76054ec3c315dfe0-edgar-allen-poe-grave-markers

One comment

Leave a comment