Започна снимањето на биографскиот филм за животот на Оскар Вајлд!

Одлична вест за сите љубители на животот и делото на генијалниот и фантастичен Оскар Валјд! Пред извесно време започна да се снима биографскиот филм за Оскар Вајлд кој ќе ги следи последните денови од животот на овој легендарен писател.

Долгоочекуваниот проект на Руперт Еверет е насловен како „Среќниот принц“ и  разработка на фотографијата е веќе започната и ова се одвива во Баварија, Германија.

oscar-wilde

Еверет ќе биде режисер и сценарист на филмот, а воедно и ќе глуми заедно со Колин Фирт. Останатата актерска екипа се состои од Едвин Томас („Черчил: 100 дена кои ја спасија Британија“), Колин Моргн („Мерлин“), Емили Вотсон („Куќа на војната“), Том Вилкинсон („Мајкл Клејтон“), Миранда Ричардсон („Хари Потер и Реликвиите на смртта (1)“), Беатрис Дејл („Бети Блу“) и Џон Стандинг („Човекот слон“).

Овој биографски филм ја раскажува приказната за последните денови од животот на Оскар Вајлд. Додека тој лежи на неговата смртна постела, неговото минато натежнува над неговата глава, пренесувајќи го во други времиња и места. Филмот ќе се снима и во Франција, Белгија и Италија.

Засега има малку информации, но верувам дека наскоро ќе дознаеме повеќе и секако со нетрпение сите ќе го очекуваме овој филм! Оскар Вајлд е еден од најинтересните и најдуховитите ликови во светот на книжевноста, чиј живот е интересен, но и полн со тага и меланхолија, па така, овој филм ќе мора да биде на вашата листа на филмови за гледање!

 

 

 

Leave a comment