Промоција на книгата „На работ од времето“ од Моника Трајковска!

Кафе  и книги секогаш се радува кога ќе слушне за млади и перспективни македонски писатели, па затоа и секогаш ги поддржува и им посакува успеси и многу продадени книги.

Затоа, би сакала да ви ја најавам промоцијата на првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“, која се вика На работ од времето од младата македонска авторка Моника Трајковска. Промоцијата ќе се случи во рамките на фестивалот „Bookstar“ кој е во организација на издавачката куќа Антолог и ќе се одржи на 4.11.2016 (петок), со почеток од 20:00 часот, во „Јавна соба“.

14705742_1223630237693166_8705798321337979361_n

Оваа книга е поспецифична од останатите и е вистинско освежување на македонската книжевна сцена, бидејќи се работи за научна фантастика, жанр кој не е многу распространет во Македонија и има малку македонски книги кои ја опфаќаат оваа тема.

„На работ од времето“ не’ воведува во животот на младата Вероника, која живее скриена од целиот свет. Таа единствено ги гледа своите родители за време на појадокот и вечерата, а во останатиот дел од времето таа седи дома и се труди да го помине времето најдобро што може. Но, наскоро таа ќе мора да го промени својот живот и да разбере зошто целиот живот била скриена и оттуѓена од останатиот свет. Таа ќе влезе во една авантура во која ќе дознае многу за себеси, но и за целото човештво.

Се работи за една возбудлива и многу интересна приказна. На македонската книжевна сцена дефинитивно и недостасуваше ваква книга и ваква приказна. Навистина е интересно да се прочита нешто ново и оваа книга е вистинско освежување!

Верувам дека ова ќе биде одлична трилогија и дека ова е само почеток на успесите на Моника! Затоа ве поканувам заедно да ја поддржиме нејзината прва книга и да го поддржиме македонсото издаваштво!

Кафе и книги и посакува на Моника многу издадени книги и прекрасни приказни кои ќе не’ воведат во многу нови светови!
*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук.

2 comments

Leave a reply to msoldieroflove Cancel reply