Како да читате повеќе книги во 2017 година?

Секоја нова година си ветуваме дека ќе читаме повеќе книги. Но, има толку многу книги на нашите листи, што најчесто не знаеме од каде да почнеме. Секако, тука се и нашите секојдневни обврски кои многу често не оставаат исцрпени и со малку време за читање.

За среќа, има неколку трикови кои може да ви помогнат да читате во оваа година. Ова се само некои од нив. За година со повеќе прочитани книги, прочитајте ги долунаведените совети:

1. Симнете книги на вашиот телефон

Во денешно време речиси сите имаме „паметни телефони“,  а и да бидеме искрени, најголем дел од времето го поминуваме на нив. Ова е само еден начин како можете почесто да читате книги, без оглед дали патувате некаде или сте во автобус или можеби сте на пауза за работа. Има апликации каде што може да преземате книгите, а благодарејќи на фондацијата „Македоника“, можете да преземате книги и на македонски јазик и да ги читате на вашиот телефон.

2. Поставете си дневна цел за читање

Не морате да си поставувате огромни и недостижни цели, но доколку се решите дека секој ден ќе читате 20 страни, многу полесно ќе ги читате книгите и полесно ќе стекнете навика за секојдневно читање. Не мора да се ограничувате на страници, можете и да си поставите цел од типот секој ден да одвојувате 30 минути за читање. Ова навистина ќе ви биде корисно.

woman-reading-book-and-drinking-tea-on-bed

3. Читајте пред спиење

Читањето пред спиење е најдобар начин за рекласирање и тоа со добра причина. Истражувачите откриле дека може да ви помогне да го отстраните стресот и да се исклучите од реалноста.

Но, тргнете се од е-читачите кога легнувате во кревет: истражувачите на Харвард откриле дека светлината од електронските уреди прави потешко да заспиваме. Истражување од 2014 година открило дека учесниците кои читале електронски книги имале потешкотии со спиење, намалено лачење на мелатонин за разлика од оние кои читале книги со корици.

4. Секогаш при рака имајте интересни книги

Еден од најдобрите начини за читање повеќе книги, кој и мене лично многу ми помогна, е тоа секогаш да имате купче интересни книги кои ви се во план да ги читате и тоа на видно место. Јас, како и секој љубител на книги, имам десетици книги на мојата листа за читање.

За да можам повеќе да читам, јас за секој месец издвојувам 5 книги кои сакам да ги прочитам и ги ставам на видно место коешто ми е на дофат на раката. Па така кога ќе ја прочитам книгата, ја ставам на полица и веднаш ја земам следната. Овој начин многу ми помогна да го задржам мојот фокус при читањето, а верувам ќе ви помогне и вам.

5. Читајте на глас

Читањето на глас ќе ви помогне подобро да ги визуелизирате сцените и ликовите во книгите, а доколку живеете со некого, може да го направи читаето уште позабавно.

*Постот беше инспириран од оваа статија.

 

 

One comment

Leave a reply to hulahopka Cancel reply