Збирката книги која се наоѓа во Кралскиот португалски кабинет за читање е една од најбогатите збирки на земјата. Вратите на оваа масовна библиотека биле отворени во 1887 година, нудејќи речиси бескрајна збирка од португалски текстови на читателите во Рио де Жанеиро, кој тогаш бил главен град на бразилската империја.

Кабинетот бил формиран во 1882 година од тројца португалски имигранти кои сакале да ја донесат книжевната традиција на нивната држава во новата независна држава Бразил, која од 1500 година била португалска колонија.
Моменталниот дом на оваа збирка бил специфично изграден за да може да ја вдоми збирката којашто постојано се зголемувала и била дизајнирана за го одрази готско-ренесансното влијание кое било популарно во тоа време. Со 350.000 наслови, збирката наскоро станала најголемата збирка на португалски дела и ракописи надвор од Португалија. Таа вклучува ретки оригинални ракописи, уникатни книжевни дела, итн.

Денес збирката добива околу 6000 нови наслови годишни и има околу 400.000 изданија. Ѕидовите се полни со полици и создаваат фантастична атмофера. Има и слики и други делови од португалската култура кои се дел од збирката и тоа сѐ заедно создава библиотека која го одзема здивот, но и витална акумулација на историјата на Португалија.

Во македонија е забрането читање книги, само ФБ на кој исклучиво предимство имаат илјадници ботови тролови, стока!
LikeLike