Се приближува летото, а тоа значи и повеќе време за читање и книги. Доколку сакате да се подновите со нови наслови (а секој љубител на книги го сака тоа :D), тогаш дефинитивно треба да го посетите Саемот на книга кој ќе се одржи во периодот од 6 до 10 јуни, во трговскиот центар „Рамстор мол“.
На саемот свое учество ќе имаат неколку издавачки куќи како: „Икона“, „Антолог“, „Полица“, „Арс Ламина“, „Просветно дело“, „ТРИ“, „Култура“, „Ѓурѓа“, „Топер“, „Сакам книги“ и „Едука-Мак“.
Според најавите ќе има голем избор на книги и книги со достапни цени, што значи дека знаете каде треба да се упатите во следните неколку денови.
Се гледаме таму!

