Денес е петок, можеби и најомилениот ден на сите луѓе, бидејќи се означува почетокот на викендот! Петок е убав ден, па затоа и денес споделуваме убава македонска поезија од Ацо Шопов!
Илузија – Ацо Шопов
Ноќ. Во ноќта крлушки месечина.
Слева од планината безгласна далечина.
Сам во ноќта стасав до планината.
Еден свет е зад мене, една мака мината.
Глеј нешто во ветките шепоти притаено:
Сè што си присакувал сè е осознаено.
И овде, под планина, во оваа низина
дише далечината со дофатна близина.
Миг… и сè исчезнува. Сон и пат. Далечина.
Сам сум. Над врвицата крлушки месечина.


Дали ја имате Цвеќињата на злото од Бодлер? Ако ја имате, чиј е преводот?
Зора Русомарова
LikeLike
Повелете линк до книгата, која е во издание на „Магор“: https://kupikniga.mk/product/tsvekinata-na-zloto/
LikeLike