Летото секогаш се поврзува со патување, плажа, море и одмори, но тоа е и одлично време за читање. Доколку сте во потрага по освежување на домашната библиотека, пред некој ден започна годишниот Летен фестивал на книгата во книжарниците на „ТРИ“. Оттаму најавуваат многу попусти и до 70%, предизвици, подароци и нови книги. Нивното мото за оваа акција годинава е „Читам, значи патувам“, бидејќи и читање на некој начин е патување во други светови и приказни.

(извор: ТРИ)
Соодветно на мотото, од „ТРИ“ подготвија и читателски пасош, кој може да го подигнете со првата направена сметка од 500 денари и како што велат од „ТРИ“, „нека неговото пополнување биде твојот читателски предизвик ова лето“. Процесот е многу едноставен: колку повеќе читате, толку повеќе печати добивате. Овој читателски предизвик ви носи можност да добиете торбички, книги и други мали подароци, а ако ги поминете сите девет попатни станици и стигнете до крај на предизвикот, влегувате во игра за вредносни ваучери, бесплатни книги во текот на целата година или патување со омилената личност на некоја дестинација!
Секако, лето не е лето без новитети, па така можете да се подновите и со нивните новитети како „Пред да избледи сеќавањето“ од Тошиказу Кавагучи и „Скок во забранети води“ од Али Хејзелвуд. За повеќе информации следете ја нивната веб-страница, а секако ѕирнете и во нивниот фестивалски каталог.
