Концерт – Анеке Брасинга

Денес започнува 65. издание на Струшките вечери на поезијата, па во таа чест, денес на блогот издвојуваме прекрасни стихови од годинешната добитничка на „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга.

Концерт – Анеке Брасинга

Кога со зурли, гајди, песна и воздигнат пој
што го опева нашето мачно постоење,
изгубено во нечистотијата на преполната улица
среде прашина и задушлив здив, од грло
со мек одек ќе се кренат етерични песни безброј
и миризлив, пенлив звук како привид без двоење
ќе се спојат со фанфарите на Млечниот Пат
распрснат во светови од етерска природа;
тогаш сѐ уште постои нешто
во кое сме благородно пресликани вешто.

Превод од холандски: Ели Пујовска

Извор: Струшки вечери на поезијата

Leave a comment