Денес на блогот читаме македонска поезија! Поезијата и прекрасните стихови ни помагаат да го надминеме овој период!
Те чекам – Тихомир Јанчовски
Ја исчистив собата
го вклучив радиото
и те чекам
Излегувам на терасата
но ти никогаш не доаѓаш
додека гледам на улицата
Влегувам во собата
се прашувам
како ќе бидеш облечена
Секој момент
треба да заѕвониш
Те чекам


Како поезијата е прекрасна! Благодарам ви на поделењето.
LikeLike