Вечер ќе има проекција на „Јанѕа“ во Кинотека!

Во чест на Денот на македонскиот јазик, денес, со почеток од 20:00 часот, во „Кинотека на Македонија“ ќе има специјална проекција на „Јанѕа“, првиот долгометражен документарен филм посветен на нашиот великан Блаже Конески. Дополнително, влезот е бесплатен за посетителите.

Само за потсетување, неодамна се случи премиерата на овој документарен филм кој е дело на македонскиот документарист, Никола Т. Калајџиски.

„Јанѕа“ е создаден според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, и е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески.

Leave a comment