Интересни факти за Ен Бронте!

Човек никогаш не може да се засити од најпознатото сестринско трио! Лесно е да се занемари дека Ен Бронте била исто толку талентирана како нејзините постари сестри. Целта на оваа статија е тоа повеќе да не се случува! Треба да ја славиме Ен исто како и Емили и Шарлот. Ен можеби била тивката, срамежлива сестра, но најчесто тоа значи дека таа е онаа што имала најмногу да каже.

Прочитајте за да дознаете повеќе за Ен и нејзиниот живот!

Ен го напуштила домот на 19 години за да работи како гувернанта

Иако и Шарлот и Емили работеле како гувернанти, Ен останала најдолго во оваа професија, од 1839 до 1845 година. Таа поминала една година со семејството Ингам од Мирфилд и пет години со семејството Робинсон од Торп Грин Хол. Нејзиното искуство како гувернанта ѝ помогнало во пишувањето на „Агнес Греј“, кој е полуавтобиографски роман. Таа, исто така, ги вклучила семејствата за кои работела во нејзиниот роман.

Иако Ен пишувала за семејствата, тоа не значи дека сакала да биде гувернанта. Таа сметала дека децата се многу тешки и кога работела за Ингамнови ѝ недостигале домот и семејството. Тие ја отпуштиле, сигурно обесхрабрувајќи ја нејзината желба за работа. Таа за среќа потоа се вработила кај Робинсови, каде уживала многу повеќе.

Ен сакала музика и била талентирана пијанистка

Општо познат факт е дека Ен многу сакала музика! Таа била позната по тоа што свирела на исправено пијано што всушност и денес може да се види во музејот „Бронте Парсонаж“ во Велика Британија!

Додека свирела на пијано, Ен била позната по тоа што пеела со нејзиниот тивок сладок глас, што одлично одел со нејзиниот срамежлив карактер. Таа имала голема колекција на ноти, и печатени и напишани од нејзината рака, истакнувајќи ја нејзината посветеност на уметничката форма.

Објавувала песни под псевдонимот „Актон Бел“

Во тоа време било вообичаено жените да пишуваат под псевдоними, особено кога станувало збор за објавување на дела и книги. Многу познати авторки никогаш немало да бидат објавени доколку издавачите знаеле дека се жени. На писателките им било полесно да го објават своето дело доколку користеле машки имиња или имиња без родова асоцијација, односно родово неутрални имиња.

Сите три сестри Бронте го правеле ова; Шарлот објавувала под „Курер Бел“ и Емили под „Елис Бел“. Истото презиме ја докажувало нивната врска, но не откривало ништо за нивниот пол, па така и нивниот идентитет бил мистерија.

Таа пишувала и романи

Кога ќе го чуете презимето Бронте, можеби прво на ум ви паѓаат Емили и Шарлот, но да не ја забораваме и Ен. „Агнес Греј“, првиот роман на Ен, бил објавен од Томас Коти Њуби во 1847 година. Романот ја следи „Агнес Греј“ додека работи како гувернанта за англиските семејства од висока класа. Романот е напишан за да ги прикаже злоупотребата и угнетувањето на жените, со посебен осврт на гувернантите. Тука се појавуваат личните искуства на Ен. Како што е наведено погоре, овој роман е полуавтобиографски, дозволувајќи ѝ на Ен да ги искаже нејзините искрени чувства кон нејзината професија. И овој роман првично бил објавен под нејзиниот псевдоним, па затоа била заштитена кога ги раскажувала своите приказни.

Станарката на замокот Вајлдфел“ се смета за еден од првите феминистички романи. Објавен во 1848 година, само една година по „Ангнес Греј“, вториот и последен роман на Ен доживеал инстантен успех. Напишан е во епистоларна форма (збирка писма) во која се прикажува преписката помеѓу Гилберт Маркам со неговиот пријател за средбата со Хелен Грам, млада вдовица, во Вилдфел Хол. Овој дом е елизабетијанска палата која стоела празна многу години, што ја прави оваа приказна морничава и мистериозна.

Овој роман го истражува семејното насилство, родовите разлики, мајчинството и бракот во време кога овие тешкотии не биле широко разгледувани, па дури и јавно не се зборувало за нив. Ен ја начнала оваа тема за читателите да размислат што се случува во романот и да го поврзат со нивните животи.

Извор 1.

Leave a comment