15 кратки факти за Виктор Иго!

Виктор Иго е еден од најлегендарните писатели на сите времиња. Неговите безвременски дела како „Клетници“ и „Богородичната црква во Париз“ се едни од најпознатите и најсаканите книги во историјата на книжевноста и нивното културно и историско значење се од непроценлива вредност. На блогот веќе на долго и широко беа објавени текстови за ликот и делото на Виктор Иго, особено текстот „Виктор Иго: Поет, политичар, книжевник и филозоф кој го спасил симболот на Париз!“, но денес на блогот можете да прочитате неколку сосема кратки, „блиц“ факти за неговиот живот што можеби досега не сте ги знаеле.

~ Неговото целосно име било Виктор Мари Иго.
~ Неговиот прв роман „Хан од Исланд“ е објавен во 1823 година.
~ Романот „Богородичната црква во Париз“ бил објавен во 1831 година и бил првиот роман на Иго објавен одеднаш и во целост.
~ Иако романот „Клетници“ бил објавен дури во 1862 година, Иго работел на него од 30-тите години на 19 век.
~ „Клетници“ е меѓу 20-те најдолги романи некогаш објавени.
~ Во првите шест години од објавувањето, издавачите заработиле над шест милиони франци од „Клетници“.
~ Во 1851 година, Иго решил да живее во самопрогласено прогонство по државниот удар на Наполеон III.
~ Во 1881 година, Иго бил препознаен од група Белгијци кои му ги скршиле прозорците и вратите, извикувајќи „Долу Виктор Иго, долу Жан Валжан!“
~ Цела Франција го прославила 80-тиот роденден на Иго.
~ Кога умирал, побарал скромен погреб.
~ По неговата смрт, ковчегот на Иго бил ставен под Триумфалната капија за целоноќно бдеење.
~ Неговата погребна поворка траела повеќе од шест часа.
~ Тој бил уметник, создал повеќе од 4.000 цртежи, кои денес се сметаат за навистина вредни.
~ Тој бил борец за социјални прашања како што е укинувањето на смртната казна.
~ Повеќе од 1.000 музички композиции се инспирирани од делата на Иго од 19 век до денес.

Извор.

Leave a comment