Ѕирнете во промотивното видео за серијализираната екранизација на „Источно од рајот“

Источно од рајот“ од Џон Стајнбек е еден од најпопуларните американски романи на 20 век. Се работи за неверојатно комплексно ремек-дело, за кое речиси сите се согласуваат дека е „magnum opus“ на Штајнбек. Безвременската приказна за неколку генерации, навлегувајќи длабоко во суштинскиот однос меѓу браќата е книга која не само што треба да се прочита, туку и да се препрочитува низ текот на животот и токму поради тоа и веќе беше препорачана на блогот.

Овој роман неколку пати бил екранизиран, а најпозната е филмската екранизација со Џејмс Дин од 1955 година. Во октомври 2024 година официјално беше соопштено дека ќе има нов обид за серијализирана екранизација во продукција на Нетфликс. Снимањето веќе заврши, а започна и промоцијата на серијата, со објавување на официјалниот постер и промотивно видео за серијата.

(официјалниот постер за серијата/извор: НЕТФЛИКС)

Иако датумот на официјалното објавување не е познат, Нетфликс соопштија дека серијата ќе се прикажува оваа есен. Се работи за серија од седум епизоди, во која приказната се фокусира на повеќегенерациското семејство Траск, сместено во долината Салинас во Калифорнија, а дополнително, приказната ги истражува темите на искупувањето, злото и доброто. Во приказната значајна улога има и семејството Хамилтон, кое ќе служи како клучен столб што ја зацврстува и продлабочува наративната линија на серијата.

Зои Казан го прилагоди ова класично дело за малите екрани, а главните улоги ги толкуваат Флоренс Пју, Мајк Фајст, Киријан Хајндс, Хун Ли, Џозеф Зада и други. Кинематографи на серијата се Стјуарт Драјбург и Сем Чиплин, додека режисери се Гарт Дејвис и Лор де Клермон-Тонер.

Во продолжение погледнете го и промотивното видео:



Leave a comment