Овој Илинден, Македонија се чита во „Матица“!

Илинден е еден од најзначајните и најважните датуми во македонската историја. Токму по тој повод, вчера започна една одлична акција и иницијатива на „Матица македонска“, па така, до 7 август, ќе имате можност да ја збогатите вашата домашна библиотека и да следите дел од активностите на „Матица“ во овој период.

Како што известуваат од „Матица“, „зад 2 Август стои многу поширока приказна“ и дека таму се „луѓето што ја живееле историјата, зборовите со кои ја именувале Македонија, идеите со кои ја замислувале нејзината слобода, знаците со кои ја претставувале и книгите во кои го запишале своето време.“

Од „Матица“ додаваат дека „Зад датумот“ е десетдневна книжевно-културна програма, а нејзиното времетраење е симболичен книжевен одглас на десетте дена на Крушевската Република. Дополнително, годинава се навршуваат 35 години од независноста на Македонија и 35 години од основањето на „Матица македонска“, па така програмата ќе донесе десет дена факти, сведоштва, книги и приказни, читателски избор од 35 книги и фонд од 35 книги за една библиотека.

Во следниот период, доколку сте во можност, посетете ги и изберете си одлична книга или нарачајте преку интернет, а целата понуда погледнете ја тука.

Во меѓувреме, за повеќе информации и детали, следете ја нивната страница на Фејсбук.

Leave a comment