Денес на блогот читаме прекрасни македонски стихови.
Караѓузел – Богомил Ѓузел
1.
Тишина!
Да ги накитиме коњите
за тивкиот мегдан на убавината
Мегдан ли?
Јас сум мегдан.
2.
На врвот од копјето
креснува ѕвезда
Срце крадечко
Друго срце нема
не постои
О војно на ѕвездите
што ги крадам.
3.
’Ржењето ги урива темелите
небото се дави
Коњу однеси ме од овде
дур е време.

