Прекрасни мисли од „Татковци и деца“ од Иван Тургенев!

Иван Тургенев е еден од големите мајстори на руската книжевност – писател на тивките човечки драми, несреќните љубови и судирите меѓу старото и новото. Со префинет и меланхоличен стил, тој создава ликови кои копнеат, се двоумат и често предоцна сфаќаат што изгубиле. Најпознат по романот „Татковци и деца“, Тургенев оставил книжевност во која личните судбини секогаш се преплетуваат со големите промени на времето. „Татковци и деца“ е еден феноменален роман што веќе беше препорачан на блогот, а денес можете и да прочитате неколку прекрасни мисли од него.

„Природата не е храм, ами работилница и човекот е во неа работник.“

„Сите луѓе си личат еден со друг, како со телото, така и со душата; секој од нас има мозок, слезина, срце, белите дробови се еднакво изградени и таканаречените морални својства се исти кај сите; мали измени не значат ништо. Достаточен е еден човечки примерок, за да се суди за сите други. Луѓето се исто што се и дрвјата в шума; ниеден ботаничар нема да земе да се занимава со секоја бреза одделно.“

„Времето (позната работа) лета, понекогаш, како птица, понекогаш лази како црв; но, на човека му е особено добро тогаш кога дури и не забележува дали тоа поминува тоа брзо или полека.“

„Кажете зошто, дури и кога се насладуваме, на пример, од музика, од убава вечера, од разговор со симпатични луѓе, зошто сето тоа изгледа побргу како алузија на некаква безмерна, далечна среќа, отколку како вистинска среќа, т.е таква каква што ние самите ја имаме?“

„Под влијание на разни сматни чувства, на сознавањето дека животот си поминува, на желбата за новости, таа се принуди да дојде до извесна црта, се принуди да погледне од другата страна на таа црта – и виде таму дури не бездна, ами празнина… или бесмисленост.“

„Секој човек виси на конче, секој момент може под него да се отвори бездната, а уште и самиот си измислува секакви непријатности, си го расипува животот.“

„…кој се лути на својата болка, тој, бездруго, ќе ја победи.“

„Треба така да се нареди животов, што секој миг во него да биде значителен.“

*извадоците се од: Тургенев, Иван. Татковци и деца. Скопје: АД ВЕРБУМ, 2015

Leave a comment