Македонска поезија: „Задоцнета тажаленка“ од Петре М. Андреевски!

На 25 септември 2006 година почина легендарниот македонски книжевник, писател и поет – Петре М. Андреевски. Во негова чест, денес читаме негови стихови!

Задоцнета тажаленка – Петре М. Андреевски

1.
Во сите наши царства царица беше
сите за мене те разубавија
за да те сакам колку сите тебе.

2.
Птиците пак се враќаат
меѓу своите крила
(ти страни немаш
со нив да се вратиш)

Тревите пак се качуваат
на повисоки дивини
(некаде те догледувам
и два извори извикувам)
и пак околу селото

јасиките се бркаат
(бре, нашата игра
без нас се повторува)

3.
Во сите наши царства царица беше
сите за мене те разубавија
ниту да те имам
ниту да те немам

Leave a comment