Љубители на книги, сигурно веќе знаете дека започна 27-миот интернационален Саем на книга. Некои од вас можеби веќе го посетиле, а некои допрва ќе одат за да ја разгледаат годинешната понуда. Со цел да ви биде полесно доколку барате конкретна издавачка куќа или едноставно сакате полесно да се снајдете, ви поставувам мапа на халата и распоредот на издавачките куќи која ја најдов на интернет и која верувам дека ќе ви биде од голема помош. Саемот на книга е секогаш посетен и има многу луѓе и гужва, а оваа мапа може да ви помогне полесно да се ориентирате! 🙂

