Лилјана Дирјан: Би избегала од себеси…

На 13 декември 2017 година почина македонската поетеса и раскажувачка Лилјана Дирјан. Во нејзина чест, денешната мисла на денот е токму нејзина, денес споделуваме еден прекрасен кус извадок на кој налетав додека го читав изданието „Концерт за мирис и оркестар“, а го има и во „Снег за двајца“.

„Би избегала од себеси, неврзана со појас, без запалени светла, низ некој празен бескраен пат, би возела, со сите отворени прозорци, би возела, од изгрејсонце до зајдисонце, без престан, до последната капка во резервоарот.

Би застанала, под првото стебло на патот, би седнала на мојот стар џемпер и би врескала, врескала, додека колите минуваат, минуваат…

Ама не возам.”

*извадокот е од изданието: Дирјан, Лилјана. Концерт за мирис и оркестар. Скопје: Темплум, 2020

Leave a comment