Предновогодишниот период, освен тоа што е познат по предпразничните работни прослави, слави и друштвени собиранки, последниве години е познат и по различни акции и понуди, а од овој тренд не се исклучени ни книжарниците и издавачките куќи, па така и годинава веќе започнаа новогодишните саеми и базари кои им овозможуваат на љубителите на книги да одберат книга за себе или пак да одберат книга како подарок за некого.

Доколку го пропуштивте минатонеделниот Новогодишен саем на книга во „Скопје сити мол“, не се грижете, затоа што од денес (12 декември), па сè до 15 декември, во „Веро Центар“ ќе се одржува Новогодишен книжевен базар, на кој повеќе издавачки куќи што се дел од Македонската асоцијација на издавачи ќе ги претстават своите изданија и ќе понудат дел од своите книги на попуст.
Доколку сте во потрага по новогодишно четиво, знаете каде да се упатите во текот на следните денови.
