Доколку сте љубители на класици, а баш во периодов сте во потрага по освежување на домашната библиотека со класични и безвременски дела или доколку барате некое ново четиво за летните одмори, книжарницата „Полица“ има одлична книжевна акција која ќе трае во текот на целиот месец, односно до 31 јули.

Како што објавија од „Полица“, во текот на месецот, во нивната книжарница ќе има голем попуст од 40% на класиците во нивно издание. Со акцијата се опфатени повеќе од 30 книги, т.е да бидеме попрецизни, 31 книга – по една за секој ден од месецот!
Во продолжение погледнете го каталогот, односно понудените книги и намаленија и направете го вашиот избор на класични дела за класичен летен одмор.








