По одличните акции на „Или-Или“ за големи книги и поезија, тие и во следниве денови продолжуваат со своите летни акции, па така, од 5 до 15 август на читателите им нудат попусти до 70 проценти на 35 наслови од некои од најзначајните современи и класични писатели од регионот. За љубителите на регионалната литература ова е одлична можност да ја освежат домашната библиотека со некои од највлијателните книжевни дела по значително пониски цени.

(извор: Или-Или)
Во акцијата се вклучени книги од автори како Георги Господинов, Миљенко Јерговиќ, Борислав Пекиќ, Ранко Маринковиќ, Зоран Фериќ, Горан Војновиќ, Дарко Цвијетиќ, Владимир Зарев, Капка Касабова, Јурица Павичиќ, Леа Ипи, Виктор Жмегач, Аријан Лека, Владимир Пиштало и други.
Меѓу книгите што можат да се најдат по намалени цени се „Физика на тагата“, „Засолниште во времето“, „Градинарот и смртта“, „Природен роман“ и „Таму каде што не сме“ од Георги Господинов, „Род“ од Миљенко Јерговиќ, „Како да се упокои вампирот“ и „Одбрана и последните денови“ од Борислав Пекиќ, „Киклоп“ од Ранко Маринковиќ, „Смоква“ од Горан Војновиќ, „Шиндлеровиот лифт“ и „Зошто наземи спиеш“ од Дарко Цвијетиќ, како и многу други романи и збирки раскази што ја обележаа современата книжевност на Балканот.
Попустите важат во книжарницата на Или-Или, како и за нарачките преку нивната веб-страница. За полесно пребарување, сите 35 книги опфатени со акцијата се достапни на едно место, во рубриката „Можеби ќе ви се допадне и…“.
