Совршен поетски пакет за ова лето во „Или-Или“!

По минатонеделната акција на „Или-Или“, продолжуваат летните акции во нивната книжарница. Доколку сте љубители на поезијата и прекрасни стихови, имате можност да ја збогатите домашната библиотека со прекрасни стихозбирки и поетски книги. Од денес, па сѐ до 2 август ќе бидете во можност да ја имате речиси целата едиција „Поеза“ на „Или-Или“, односно 11 книги за само 1370 денари! Реалната вредност на книгите е 3120 денари, што значи, добивате летен попуст од 56%.

(Извор: „Или-Или“)

Како што наведуваат „Или-Или“ во својата објава, во овој вреден поетски пакет се вклучени: капиталното издание со над 700 страници на собраната поезија на Игор Исаковски; поезијата на светски реномираниот Георги Господинов, во препев на Никола Маџиров; поетските книги, стихозбирки од Лидија Димковска и Зоран Анчевски; уникатниот поетски глас од Словенија на Алеш Мустар; поетскиот номад од Швајцарија – Никола Бувје; безвременските рубаии на персискиот мислител, поет и научник Омер Хајјам; стиховите на Александар Русјаков; бескомпромисните пoетски приказни на Цветанка Колева; како и двете поетски книги на Горана Митровиќ.

Сите наслови и имиња на книгите можете да ги ѕирнете на овој линк, а доколку нарачувате преку интернет, воедно со еден клик можете да го нарачате целиот пакет.

За повеќе информации, следете ја нивната официјална страница на Фејсбук и нивната официјална објава.

Leave a comment