Македонска поезија: „Надреални слики“ од Раде Силјан!

Денес на блогот читаме македонска поезија!

Надреални слики – Раде Силјан

Кога ќе се спојат
Два далечни брега
Сонот јаве ќе стане

Кога ќе го слушнеш гласот
На поетот во тебе што се крие
Нерамна битка со себе ќе водиш

Кога ќе се вкрстат
Две сјајни ѕвезди
Мртва уста ќе прозбори

Кога ќе се смират
Две скарани држави
Зборот куршум ќе биде

„Туѓинец во својата земја“ (2023)

„Бунт на артефактите“ – Васко Ташковски (2014)

Leave a comment