Федерико Гарсија Лорка (1898 – 1936) е еден од најзначајните шпански поети и драматурзи на 20 век. Неговото творештво, исполнето со страст, симболика и трагедија, длабоко се потпира на андалузиската традиција, љубовта, смртта и човековата жед за слобода. На 19 август 1936 година франкистите го стрелале поради своите напредни идеи. Денес ги читаме неговите стихови.
Газела за очајната љубов
Ноќта не доаѓа
за да не дојдеш ти
и за да не дојдам јас
Но, јас ќе дојдам дури и
од сонцето на скорпијата голтнат
Но ти ќе дојдеш со изгребан јазик од дождовите на солта.
Денот не доаѓа
за да не дојдеш ти
и за да не дојдам јас
Но јас сепак ќе дојдам
на жабите давајќи им го скинатиот
каранфил свој.
Но ти ќе дојдеш
низ темни улици на ноќта.
Ни ноќта ни денот иде
по тебе за да умрам
и по мене мртва да бидеш.

