Една книга, два јазика: Промоција на „Раскинување на договорот“ на Сотирис Минас

Во сабота, на 19 септември, во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје ќе биде промовирана поетската книга „Раскинување на договорот“ од грчкиот поет Сотирис Минас.

Особено интересна е приказната зад ова двојазично издание. Минас самостојно го изучувал македонскиот јазик, а своите песни ги препеал на македонски. Така, во „Раскинување на договорот“ песните се објавени паралелно на грчки и на македонски јазик, овозможувајќи му на читателот да ги чита двете верзии една покрај друга.

извор: Матица Македонска/Фејсбук

На промоцијата за книгата ќе говори Иван Антоновски, а ќе присуствува и самиот автор, Сотирис Минас.

„Раскинување на договорот“ е достапна во книжарницата на „Матица македонска“, како и на нивната веб-страница.

Извор: Официјалниот настан на Фејсбук

Leave a comment