Како и секоја недела, продолжуваме со традицијата на предложување пет книги што добиле Пулицерова награда и кои би можеле да ви се допаднат или да ви помогнат да се инспирирате за тоа што да читате следно.
Ако не сте виделе досега, а сакате да видите кои претходни книги биле предложени, можете да го направите тоа тука, тука, тука, тука, тука и тука.
А сега одиме на листата:
1. „Толку големо“ – Една Фербер

~ „Тие се фини, но тие не знаат да се забавуваат. Сите се трудат да бидат нешто што не се. А тоа е толку напорна работа. Жените секогаш објаснуваат како живеат во Чикаго затоа што нивниот маж имал бизнис тука. На сите им оди прилично добро – танцуваат, сликаат, јаваат или пеат – но, тоа не го прават доволно добро. Тие се професионални аматери, обидувајќи се да изразат чувства што ги немаат или дека немаат доволно силни чувства што би биле доволно вредни за изразување.“ ~
„Толку големо“ е една од книгите што се сметаат за класик на американската книжевност. Дејството во книгата се одвива во Чикако пред крајот на векот. Се обработува приказната на Селина Пик ДеЏонг, ќерка на коцкар, и нејзината борба да опстане во животот и да го задржи нејзиното достоинство и здрав разум во својот брак и тоа во периодот кога останува вдовица и самохрана мајка. Таа мора да се грижи за себеси и својот син. Ова е книга која допира многу важни општествени теми и заради тоа ја добила Пулицеровата награда во 1925 година.
2. „Совет и дозвола“ – Ален Друри

~ „Синко, ова е Вашингтон. Место каде другата личност знае дека лажеш и исто така знае дека ти знаеш дека тој знае.“ ~
Добивајќи ја Пулицеровата награда во 1960 година, оваа книга е одлична анализа на политичките животни и нивниот природен хабитат. Книгата започнува со потврдата на Сенатот за сослушување на државниот секретар и завршува две недели подоцна, по дебатите и контроверзијата што го претвораат ова прашање во огромна криза. „Њујорк тајмс“ има напишано: „Не можам да се сетам на ниту една друга книга во која толку добро е претставена дилемата на претседателот кога неговата огромна одговорност за државните интереси ќе дојде во конфликт со неговиот личен морален код.
3. „Агол на упокојување“ – Валас Стегнер

~ „Мудрост е да знаеш што треба да прифатиш.“ ~
Оваа книга, која ја доби Пулицеровата награда во 1972 година, е приказна за откривањата: лични, историски и географски. Осуден на тоа да биде во инвалидска количка, пензионираниот историчар Лиман Вард решава да ја раскаже возбудливата приказна на неговите баба и дедо, притоа со намера да направи хронологија на нивните денови барајќи цивилизација на површината на Дивиот запад. Но, неговото истражување открива многу повеќе за неговиот живот отколку што тој е подготвен да признае. Она што се случува е возбудлив портрет на четири генерации во животот на едно американско семејство.
4. „Лекции за дишење“ – Ен Тајлер

~ „Мирисот може да му го врати човек минатото многу појасно отколку сликите…“
Оваа книга ја доби Пулицеровата награда во 1989 година и се работи за прекрасна, инспиративна и изненадувачка приказна за Ајра и Меги Моран. Таа е жива, полна со елан и енергична. Тој е компетентен, стрплив и мирен. Во брак се 28 години. Кога тие двајца патуваат за Балтимор за погребот на мажот на најдобрата другарка на Меги, Ен Тејлор ни покажува сè што треба човек да знае за бракот: очекувањата, разочарувањата, како децата можат да создадат бура во семејството, како мажот и жената можат повторно да се заљубат еден во друг, начинот на кој ништо вистински не се менува. Оваа книга е навистина забавна, непредвидлива и многу брзо ќе ја прочитате.
5. „Синот на управителот на сиропиталиштето“ – Адам Џонсон

~ „Луѓето прават сè за да преживеат и откако ќе преживеат, не можат да живеат со тоа што го направиле.“ ~
Оваа книга е од поновите добитници на Пулицерова награда (2013 година) и зборува за Пак Џун До кој е прогонетиот син на една изгубена мајка, пејачка која е „украдена“ во Пјонгјанг и влијателен татко кој има работен камп за сираци. Власта во државата наскоро ја забележува лојалноста на детето и неговите инстинкти. Сметајќи се себеси за скромен граѓанин на најдобрата нација во светот, Џун До се искачува на повисоки позиции. Тој станува професионален киднапер кој доколку сака да остане живот, мора да прави сè што ќе му наредат неговите кореански владетели. Сепак ќе направи сè што е човечки можно за да ја спаси жената што ја сака, актерката Сун Мун, која e толку наивна што дури и не знае како изгледаат изгладнети луѓе.

[…] Денес е последниот ден од април, одличен ден за одбирање на следните книги кои сакате да ги прочитате. Како и секоја недела, следува предлог-листата на Кафе и книги која содржи книги кои добиле Пулицерова награда. Доколку не сте ја следеле рубриката, претходните предлози можете да ги прочитате тука, тука, тука, тука, тука, тука и тука. […]
LikeLike
[…] претходните делови (тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука) доколку ви се потребни и други […]
LikeLike
[…] да ги прочитате тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, […]
LikeLike
[…] погледнете ги тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука и […]
LikeLike
[…] погледнете ги: тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, […]
LikeLike