Македонска поезија: „Непрочитано писмо“ од Анте Поповски!

На 3 јуни 1931 година се родил еден од најзначајните македонски поети, Анте Поповски. Во негова чест, денес ги читаме неговите стихови.

Непрочитано писмо – Анте Поповски

Врз секоја карпа, врз секој камен – некој знак!
Длабел некој низ мракот на времето знаци
со камен врз каменот и сега целата татковина
е некое неодгатливо писмо.
Знаците истетовирани врз карпите,
стопени со времето,
втиснати во сеќавањето на народот
– сега се свети знаци низ кои струи
и крвта и тајната на македонскиот збор:
изгорени гласови, неоли,
крвави засеци на ножот
осенчени со крик на големи погибии…

Целата татковина – свето и непрочитано писмо.

Leave a comment