Македонска поезија „Мајски цвет“ од Видое Подгорец!

Видое Подгорец (Колешино, 8 јуни 1934 – Скопје, 14 април 1997) е еден од најплодните македонски писатели, патописец, поет, раскажувач и романописец за деца и возрасни, а објавил голем број стихозбирки, раскази и романи. Во чест на годишнината од неговото раѓање, денес на блогот читаме една од неговите песни за деца.

Мајски цвет – Видое Подгорец

Крај поточе мирис лее
еден мајски свет,
а прчеличка брмчи, пее:
– Дај ми малку мед!

Цветот личен ѕвони, ѕвони,
радосен е тој:
Збери, збери, за дечиња
ти од сокот мој!

Таква љубов каде има,
кој на овој свет?
Меѓу мала вредна пчела
и мајскиот цвет.

Leave a comment