Македонска поезија: „Два свода“ од Цане Андреевски!

На 10 јули 1930 година се родил македонскиот поет, раскажувач и писател за деца – Цане Андреевски. Во негова чест, денес на блогот читаме прекрасни стихови.

Два свода Цане Андреевски
На Оливера

Ќе се фатиме за раце.
Рацете ни се два свода оѕвездени со сништа.
Свод ќе грее кон свод.
Ќе биде тоа предел на штедроста.

Тој предел не ќе личи на никој друг.

Ако од едниот свод се срони ѕвезда,
ќе запре и ќе светли на другиот.

Ако на едниот свод загине птица,
ќе ја оживее другиот.

Ќе биде тоа предел на преобразувањето.

Тој предел не ќе личи на никој друг.

Leave a comment